Средновековни Кули
Симболи на богатство и моќ од златното доба на Кратово
Некогаш, од двете страни на Табачка Река што го сече Кратово, имало 12 до 17 кули - 5 на десната страна и 7 на левата. Денес се зачувани 6, ѕидани од малтер и полуклепан камен. Иако датирањето е спорно, повеќемина истражувачи сметаат дека се градени во турскиот период, врз основа на архитектурата и декоративните елементи.
Симиќева Кула
Порано кула на Абедин Ефенди
Највисоката и најдобро зачувана кула во Кратово. Подигната на 4 ката со повеќе отвори и балкони на најгорниот кат. Првиот кат е на висина од 3 метри со дрвена влезна врата. Ѕидовите во долниот дел се најдебели. На источниот ѕид се наоѓа огништето. Куполата на четвртиот кат е изведена со обработен камен.
Легенда
Легендата вели дека под кулата постои тунел што води до реката Манцева.